Владата даде зелено светло за деконтаминација на линданот во ОХИС

Владата на 65-тата седница го одобри планот за ремедијација на локацијата во АД „ОХИС“- Скопје и го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да донесе Решение за одобрување на планот за конечна деконтаминација на линданот во кругот на фабриката.

Ова решение, како што информираат од владината прес-служба, следува откако UNIDO, односно Агенцијата за индустриски развој на ОН го информираше Министерството за животна средина дека планот доставен од грчката компанија специјализирана за овој тип активности „Polyeco“ е одобрен за спроведување на постапката за деконтаминација на почвата во АД „ОХИС“- Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2021 - 20:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа