Денеска времето во Република Северна Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а максималната дневна температура ќе се движи од 14 до 20 степени.
Според најновите мерења, најдебел снежен покрив има во Попова Шапка – 74 cm, додека најниската утринска температура е регистрирана во Берово, каде што термометрите покажале 0 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност, слаб северен ветер и максимална температура до 19 степени.


