Кипарските власти денеска издадоа итно предупредување до населението, барајќи од секој граѓанин да подготви „ранец за итни случаи“. Оваа превентивна мерка доаѓа по серијата напади со дронови врз британската база „Акротири“ и зголемената опасност по безбедноста на островот.

„Како превентивна мерка, направете си сопствен ранец за итни случаи со основни производи, кои лесно можете да ги транспортирате до засолништето“, соопшти Министерството за внатрешни работи на Кипар.

Според официјалните упатства, ранецот треба да содржи:

  • Вода, конзервирана храна и лекови;
  • Пари, фенерче, радио на батерии и преносни полначи (powerbank);
  • Топла облека, средства за хигиена и прибор за прва помош.

Ситуацијата дополнително се заострува откако Франција најави испраќање на воени бродови за да ја зајакне воздушната одбрана на Кипар. Во меѓувреме, аеродромот во Пафос беше привремено затворен, а сирените за воздушна опасност во базата Акротири утрово повторно ги вознемирија жителите.

Exit mobile version