Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната прес-конференција соопшти детали за трагедијата на улицата „Теодосиј Гологанов“, каде по пад од балкон животот го загубија жена и малолетно дете. Пријавата била примена од случаен минувач, по што полицијата и Итната помош само констатирале смрт.
Министерот откри дека сопругот на починатата, Стојанче Јовановски, е веќе уапсен. Тој и е добро познат на полицијата – во последните две години против него биле поднесени дури десет кривични пријави за насилен криминал, дрога и имотни деликти. И покрај тоа што претходно бил фатен со наркотици, судот му одредил само мерки на претпазливост.


