Од денеска, пушачите во Македонија ќе треба да плаќаат повеќе за омилените брендови цигари. Компанијата „Империјал Тобако“ донесе одлука за зголемување на цените на својот асортиман за 10 денари по кутија.
Поскапувањето ги опфаќа најпродаваните брендови на пазарот:
- Родео
- Вест
- Давидоф
- Жаде
Ова покачување е резултат на редовното усогласување со државната акцизна политика. Според законските измени, акцизите за тутунските производи ќе продолжат постепено да растат секоја година до 2030 година. Конкретно, предвидено е секој 1-ви јануари акцизата да се зголемува за 0,23 денари по парче цигара.


