Денес времето ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, кои на одделни места ќе бидат пообилни (над 15 l/m²). Локално се очекува нестабилна атмосфера со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а долж Повардарието повремено ќе се засилува и ќе достигнува брзина над 50 km/h.
Утринските температури ќе се движат од 9 до 18 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 20 до 27 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, кои локално може да бидат поинтензивни. Во одделни делови од котлината се можни поројни врнежи, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура во главниот град ќе изнесува околу 15 степени, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Прогноза за наредните денови: За време на викендот се очекува стабилно и суво време. Во понеделник повторно се најавуваат врнежи од дожд со можност за локална нестабилност, додека од вторник следува стабилизирање на времето и постепен пораст на дневните температури.


