Викенд хороскоп: Убави денови за Биковите и Рибите

 

Прочитајте што ни носи хороскопот овој викенд.

Во сабота, Месечината во Шкорпија е во опозиција со Уран во Бик, а за тоа време може да бидеме раздразливи и своеглави. Склони ќе бидеме и кон промени во расположението, а ова може негативно да се одрази на односите со другите луѓе.

Секстилот на Месечината во Шкорпија и Плутон во Јарец ја буди нашата сентиментална природа во недела и нèпоттикнува да уживаме во животот. Можно е да бидеме поавантуристични од вообичаено, но подготвени сме да се менуваме.

Еве што носи овој викенд за сите хороскопски знаци.

Овен

Викендот ќе биде обележан со емоционален стрес и нервоза. Пробајте да не носите одлуки во моментот и да размислите неколку пати пред да донесете заклучок. Втората половина од викендот е погодна за активности на отворено и средби со најблиските.

Бик

Кај Биковите се јавува зголемена активност, храброст и желба за делување. Ќе успеете што и да преземете. Ова не е добар викенд за седење дома, туку само за акција.

Близнаци

Смирено, само смирено – ова е вашето мото вој викенд. Можни се ситуации кои ќе ве направат нервозни, но ќе успеете да се смирите и да не им дозволите на препреките да го зголемат вашиот стрес. Побарајте помош од саканите.

Рак

Постои опасност од предавство и негативни ситуации, особено на полето на финансиите. Ѕвездите ви препорачуваат да се откажете од големи зделки и склучување договори. Бидете внимателни како ги примате советите од најблиските. Многу односи со другите ќе ви се покажат како лажни.

Лав

Време е да се опуштите и да престанете да размислувате за работата. Оставете ја работата на страна и одморајте се. Времето минато во природа ќе се покаже како многу корисно за вас. Можни се промени во расположението во вториот дел од викендот.

Девица

Девиците ќе се соочат со финансиски тешкотии. Домашните работи нема да ви дозволат да се опуштите, но во еден момент ќе одлучите да се откажете од некои обврски. Сепак, важно е да се позанимавате со проблемите веднаш и да не ги одложувате.

Вага

Вагите ќе бидат фокусирани на материјалната благосостојба. Ѕвездите ви носат поддршка особено ако сте сосредоточени на вашата работа. Дури и во љубовните односи ќе треба да се потрудите за да постигнете нешто што ви значи.

Шкорпија

Шкорпиите се еден од оние знаци кои можат да успеат да го минат викендот во уживање. Дури и ако сте окружени со мирна атмосфера без промени, ќе ви биде многу пријатно. Сепак, промените во расположението можат да ви донесат проблеми со сааканите. Држете ги своите емоции под контрола.

Стрелец

Ова е период на просперитет за Стрелците. Во текот на целиот живот ќе чувствувате емоционално задоволство и душевен мир. Ќе се чувствувате како да имате сè. Втората половина од викендот ќе ви донесе интересно познанство.

Јарец

 

На Јарците, ѕвездите им советуваат да ги донесат работите во ред. Не влегувајте во финансиски ризици. Генерално, ова е успешен период но внимавајте да не носите погрешни одлуки. Но, постои само еден услов: да бидете заинтересирани за тоа што го правите.

Водолија

Силните емоции ќе ве стават на тест овој викенд. Ѕвездите ви носат средба со личност која ќе остави трага во вашиот живот, а успешни ќе бидете и на полето на финансиите. Очекувајте парични награди или пак понуда за нова работа.

Риби

Викендот ќе биде поволен за вас во секој поглед. Во вашата душа ќе завладее мир и задоволство. Договорете дружба со луѓето кои ви значат или пак кратко патување.

14.08.2021 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега