„Видов повредени,мртви и луѓе без раце“- Патник ги опиша првите моменти после стравичната несреќа во Хрватска

Патник од автобусот кој вчера излета на автопатот кај Славонски Брод и се преврте, пред камерите на ХТВ опиша шокантен момент од несреќата.

Патникот Рамо Гаши раскажа како изгледале првите моменти по несреќата.

„Кога нешто пукна, за секунда, се видов себе и целиот тој народ, во ливада,  таму долу, во каналот покрај автопатот“, рече Гаши.

Тој ја опишал ужасната глетка што ја видел.

„Ги видов повредените, мртвите, видов сè, без рака, видов сè, видов сè“, изјави за ХТВ Рамо Гаши, еден од патниците во автобусот.

26.07.2021 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега