(Видео) Зеленски пристигна на вториот ден на самитот: Сакаме НАТО да одговори на нашите три барања
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на вториот ден од самитот на НАТО во Вилнус, главниот град на Литванија, за време на кој ќе се разговара за барањето на Украина за пристапување во Алијансата и рече дека денеска ќе има три клучни точки на маса од кои може да се одреди судбината на Киев.
Како што наведе тој, денеска Украина ќе добие одговори на три прашања, поточно барања.
„Денеска ќе разговараме за нови испораки на оружје за Украина, за поканата за членство во НАТО и за безбедносните гаранции за Украина“, рече Зеленски.
Медиумите потсетуваат дека се очекува генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и Зеленски да одржат заедничка конференција на која треба да се слушне и дали официјален Киев е задоволен од предлогот на НАТО за пакетот за Украина.
Тој пакет вклучува три елементи – прескокнување на акциониот план за членство, формирање на Советот НАТО-Украина и натамошна воена помош за војната со Русија.
Исто така, синоќа Зеленски неочекувано се појави на митинг во Вилнус пред илјадници граѓани кои срдечно го поздравија, а многумина беа обвиени со украински знамиња. Тој повторно го изрази своето разочарување што Украина не добила покана за Алијансата, што е прв чекор во процесот.
„НАТО ќе ја направи Украина побезбедна, Украина ќе го направи НАТО посилен. Денеска пристигнав овде со верба во одлуката, во партнерите, со верба во силен НАТО“, рече тој.
Zelensky speaking ahead of the start of the NATO summit just moments ago.
Says there are 3 important issues to discuss today:
1. New weapon deliveries to Ukraine
2. NATO membership invitation
3. Security guarantees for Ukraine pic.twitter.com/BZRyRCCedn— Visegrád 24 (@visegrad24) July 12, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа