Патниот правец Битола–Ресен попладнево е под целосна блокада откако граѓани го затворија излезот од Битола кај т.н. „Ромска населба“. Протестот започна околу 16:30 часот, а состојбата на теренот е тензична – на коловозот се палат гуми и дрва, со што целосно е оневозможено движењето на возилата.
Учесниците во блоката активно споделуваат снимки од хаосот на социјалните мрежи, додека возачите кои се затечени на патот се принудени да користат алтернативни пренасочувања низ околните селски патишта.
Според првичните и неофицијални информации од локалните медиуми, револтот на граѓаните е поврзан со измените во Законот за сообраќај, поточно со новите правила за возачките дозволи. На местото на настанот веќе е пристигната полицијата, која се обидува да воспостави ред и да го регулира сообраќајот во овој дел од градот.

