(ВИДЕО) Заклучени пратеници и хаос во Собранието

 

Тензично во Собранието. Пратениците од опозицијата и претседателот Талат Џафери влегоа во вербален конфликт. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека биле заклучени во собраниската сала.

„Заклучени пратеници и хаос во Собрание! Диктатурата на ДУИ/СДСМ олицетворена во Талат го покажува грдото лице во Собрание“, напиша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, приложувајќи снимка од моменталната ситуација во македонскиот парламент.

Според она што може да се види од снимката, пратениците на опозицијата протестираат тврдејќи дека вратите од пленарната сала се заклучени.

 

Пратеникот Бојан Стојановски обвинува дека Џафери го узурпирал Собранието.

-Спротивно на Деловникот неколку пати во денот се заклучува собраниската сала да не можат пратениците кои случајно се надвор од нејзе да влезат и да се пријават за збор, барајќи од меѓународната заедница да интервенира.

25.05.2022 - 22:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега