ВИДЕО: Вучиќ на прес конференција ги покажа измасакрираните тела од бандата на Веља

Фотографии на мртви луѓе, наводни жртви на криминалната група на Веља Невоља вчеравечер прикажуваше српскиот претседател Александар Вучиќ на прес-конференција.

-Србија успеа да се справи со најмалку две криминални групи. Бидејќи некои луѓе сметаат дека е време да продолжат со постапките на нивните претходници, сега ви велам:„ Деновите на слободата ви се избројани, како што им реков на оние зад решетки пред два, три месеци, рече Вучиќ.

Членовите на организираната криминална група за која зборуваме, најчесто имаа фотографии и обележани лица на луѓе во БИА, МУП кои им беа непријатели, кои беа, како што веруваа, нивни гонители. Овие не се водачи, тие ги ризикуваа своите животи. Овие луѓе не ни сфатија колку се близу до својот крај “, рече Вучиќ.

Според него, расчистени се четири убиства, но посочи дека има многу лица кои сѐ уште се водат за исчезнати.

Фотографии од убиените лица биле пронајдени на мобилните телефони на уапсените, а се верува дека станува збор за љубители на фудбалот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.03.2021 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа