ВИДЕО: Вооружен напад во Брисел, маж нападнал луѓе во метро, има повредени

 

Во метро станицата Шуман во Брисел, во близина на седиштето на европските институции, вечерва околу 18 часот е избоден млад човек, додека неколку лица се здобиле со расекотини со нож, јавува „Брисел тајмс“.

Полицијата го уапсила напаѓачот, а очевидци велат дека тој најпрвин со нож нападнал неколку луѓе во метрото, а потоа почнал да напаѓа околу станицата, при што ранил еден млад човек, а неколку луѓе биле полесно повредени.

На местото на настанот пристигнале полициски единици и возила на брза помош.

Персоналот кој работи за Европската комисија е предупреден да ја избегнува областа околу метро станицата Шуман, која во моментов е затворена.

„Немаме информации кога ќе продолжи редовниот сообраќај“, соопштија од бриселската градска сообраќајна служба.

 

 
30.01.2023 - 20:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега