(ВИДЕО) Украина тврди: Белите волци синоќа уништија 10 руски тенкови

Специјалната единица на украинската армија „Бели волци“ тврди дека за една ноќ уништила дури 10 руски тенкови. Украинската безбедносна служба СБУ објави видео на кое тие дејства се прикажани од птичја перспектива.

„Девет или десет? ДЕСЕТ! Толку руски тенкови беа уништени од нашата специјална единица „Бели волци“ за само една ноќ!“, објави СБУ на својот канал на Телеграм.

Според извештаите, оклопен транспортер бил погоден и во регионот на Доњецк. Снимката не е независно проверена, а не е соопштена точната локација на нападот.

Претходно беше објавено дека е уништена „гордоста на руската армија“, тенкот Т-90. Советникот на министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашенко, објави дека Националната гарда на Украина „ја следи и ја уништува гордоста на руската одбранбена индустрија – тенкот Т-90“.

22.03.2023 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега