ВИДЕО: Тригодишно момче извлечено живо од урнатините по цели 22 часа

 

Момче преживеа 22 часа заробено под урнатините, на студ, без храна и вода.

Во Малатија, која се наоѓа во близина на епицентарот на разорниот земјотрес што вчера ја погоди Турција, спасено е тригодишно момче.

Видеото на Твитер го сподели новинарот на ТРТ, Хакан Чопур, наведувајќи дека тоа е чудо.

Разорните земјотреси кои вчера ја погодија Турција, според најновите информации, однесоа повеќе од 4.300 животи во Турција и Сирија.

Спасувачките екипи се на терен повеќе од 24 часа и во многу лоши временски услови прават се за да ги пронајдат преживеаните.

07.02.2023 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа