ВИДЕО: Трамп со хеликоптер итно однесен во болница - се огласи на Твитер и откри како се чувствува

Американскиот претседател Доналд Трамп е пренесен в болница помалку од 24 часа по позитивниот тест за коронавирус. Белата куќа соопшти дека одлуката да се пренесе во Националниот воено-медицински центар Валтер Рид е донесена поради претпазливост.

Тој веднаш се огласи на Твитер и откри како се чувствува.

„Мислам дека оди на добро! Ви благодарам на сите! Ве сакам”, напиша Трамп.

Трамп од четвртокот има „благи симптоми“ на ковид-19 откако откри дека тој и сопругата се во карантин од средата. Белата куќа соопшти дека тој се чувствува „заморен, но расположен“. Меѓу симптомите е и слаба треска. Портпаролот на Белата куќа во изјавата рече: „Претседателот Трамп останува расположен, има лесни симптоми и работи во текот на целиот ден“. Лекарот на Трамп соопшти дека тој добива по 8 грама коктел со поликлонални антитела на Регенерон, лек што се дава за да се намали нивото на вирусот и за брзо опоравување.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.10.2020 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега