(ВИДЕО) Тошковски го отвори меморијалниот турнир во чест на загинатите бранители: Никогаш да не заборавиме кои сме и што им должиме на нашите херои

 


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска (20.10.2024) во СРЦ „Борис Трајковски“ го отвори традиционалниот Централен меморијален турнир во мал фудбал „Хероите на Македонија“, кој се одржува во чест на загинатите бранители од 2001 до 2015 година.

Оваа година, турнирот е под покровителство на Министерството за внатрешни работи, а на него ќе учествуваат победничките екипи од претходно одржаните локални турнири низ Македонија.

„Традицијата е една од основните вредности кои го обележуваат човековото постоење – таа не зближува, не учи на разбирање и ни овозможува заедно да создаваме спомени кои се вечни. Турнирот „Хероите на Македонија“, кој го носи токму ова значајно име, има за цел да нè потсети и да ја изрази нашата благодарност кон оние кои ги дадоа своите животи за најсветото – својата татковина. Како аманет за сите нас, оваа традиција не обврзува никогаш да не заборавиме кои сме и што им должиме на нашите херои. Долгот кон хероите на Македонија ќе го враќаме со тоа што ќе се стремиме да бидеме подобри граѓани, кои ќе изградат подобро општество и силна татковина – наследство кое ќе го предадеме на идните генерации, со спомен на хероите кои го жртвуваа она највредното за нашата слобода.“, истакна министерот Тошковски на отворањето на турнирот.

20.10.2024 - 13:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега