Close Menu
Press24
    Најново

    Ценовен шок од утре: Нафтата ќе чини 250 динари

    19.03.2026 во 17:00

    Запалил штала со пет тони сено и земјоделски алат – кривопаланчанец заработи кривична

    19.03.2026 во 16:45

    Сиљановска-Давкова: Нема полековита доза среќа од љубовта кон лицата со Даунов синдром

    19.03.2026 во 16:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ценовен шок од утре: Нафтата ќе чини 250 динари
    • Запалил штала со пет тони сено и земјоделски алат – кривопаланчанец заработи кривична
    • Сиљановска-Давкова: Нема полековита доза среќа од љубовта кон лицата со Даунов синдром
    • Паника во Куманово: Евакуирано основно училиште по дојава за бомба – еве што утврди полицијата
    • Лимани потпиша договори со 10 општини: Неискористени простории стануваат градинки за децата
    • Серија апсења за семејно насилство – Тепале сопруги, сестри и демнеле поранешни партнерки
    • Се проширува инвестициската програма на МОН – освен студентските домови, ќе се реконструираат и државните училишта со ресурсни центри
    • Филипче: СДСМ е единствената неконтролирана опозиција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Томовски: Процесот на унифицирање на регистарските таблици на службените возила се одвива непречено

    (ВИДЕО) Томовски: Процесот на унифицирање на регистарските таблици на службените возила се одвива непречено

    21.09.2025 во 11:313 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин Сител ТВ
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    „Процесот на унифицирање на регистарските таблици на службените возила се одвива непречено, имаме постојана координација и соработка со сите институции. Заклучно со 19 септември, обележани се 671 возило и очекувам до крајниот рок, 29 септември, да бидат брендирани сите возила во согласност со владините препораки“, истакна директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски, во своето вчерашно гостување во Тема на денот во Дневникот на Сител телевизија. Тој истакна дека е задоволен од досегашната динамика на замена на таблиците и посочи дека практично и оние што би се обиделе да го одложат процесот, нема да можат да го избегнат, бидејќи со првата редовна регистрација ќе мора да ја извршат промената на таблиците.

    ФОТО: Принтскрин Сител ТВ

    Томовски информираше дека во тек е и формирање на работна група помеѓу Министерството за внатрешни работи и СОЗР, која ќе работи на измени во регулативата со цел да се овозможи санкционирање во случаи на злоупотреба на службените возила. Според Томовски, овие законски измени се очекува да бидат финализирани до крајот на годината.

    „Од вкупната бројка од околу 7.500 службени возила, која се спомнува во јавноста, значителен дел се веќе вон употреба и ќе бидат расходувани. Би ги повикал институциите да пристапат кон рационализација на возилата, да ја сведеме на минимум употребата на службените возила, онолку колку што им е потребно на институциите за непречено функционирање. Службата за општи и заеднички работи, односно како Влада, први го направивме тој чекор. Од вкупно 220 возила со кои располагаме, 104 ќе бидат расходувани и продадени веднаш по завршувањето на изборите“, изјави Томовски во Тема на денот и посочи дека почетната проценета вредност на овие возила, според Бирото за судски вештачења при Министерството за правда, изнесува околу 1.600.000 денари. Средствата од продажбата ќе се слеат во државниот буџет, по што ќе се одлучува за нивната натамошна намена.

    „Рационализацијата е неопходна. Употребата на службени возила треба да се сведе на минимум, онолку колку што е неопходно за непречено функционирање на институциите. Според нашите проценки, државата реално не треба да располага со повеќе од 2.000 активни возила“, додаде Томовски кој истакна дека во насока на зајакнување на надзорот и контролата, во Владата се разгледува и можноста за поставување GPS-уреди во сите државни возила.

    ФОТО: Принтскрин Сител ТВ

    Томовски потсети дека граѓаните и понатаму можат да пријавуваат сомнежи за злоупотреба на службени возила, а институциите се должни да постапуваат согласно важечката законска рамка. Во борбата против злоупотреби, СОЗР има редовна и транспарентна соработка и со Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), од која добива насоки за постапување и доставува информации за состојбата со возниот парк.

    Популарно

    Романија итно испрати два борбени авиони Ф-16, упатено е предупредување до населението

    17.03.2026 во 22:44

    Рекорд без него нема да биде исто место – Чичко Драги ќе биде погребан утре

    18.03.2026 во 09:17

    Иран го нападна Израел со над 100 ракети – одмазда за убиството на Лариџани

    18.03.2026 во 10:41

    Лажен продавач на мебел „олесни“ тетовчанка за 550 евра: Внимавајте со кого се договарате

    17.03.2026 во 23:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.