ВИДЕО: Тешка сообраќајка во Кисела Вода: „Бмб“ заврши во бандера - интервенираше и Брза помош

Тешка сообраќајка вечерва во Кисела Вода на булеварот Борис Трајковски.

Две возила макра „бмв“ и „цитроен“ директно се судрија веднаш до објектот на општината, а „бмв-то“ заврши во бандера. 

Според неофицијални информации, на терен интервенирале две возила на Итната медицинска помош, а три лица се пожалиле на повреди. Очевидци за Press24 велат дека возачот на „бмв-то“ завршил со потешки повреди и бил облеан во крв.

Сообраќајот се одвива наизменично на две од четирите ленти. Полициски службеници повеќе од три часа го обезбедуваат просторот бидејќи сообраќајната несреќа е на кривина која не е многу прегледна, а сѐ се врши и увид.

01.09.2024 - 00:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега