ВИДЕО: Татко монструозно го тепал синот во дворот на основно училиште во Србија - другите деца гледале шокирани

Монструозно тепање прекинала една наставничка, додека децата стоеле и скаменето набљудувале.

Страшниот инцидент се случил во дворот на едно основно училиште кое се наоѓа во околината на Прокупље.

Имено, еден татко на момче, пришол на група матуранти и својот син го извлекол од гужвата, после што го соборил на бетон и почнал крвнички да го шутира. Останатите деца шокирано гледале што се случува и никој од основците не смеел да реагира и да го спречи страшното насилство.

Како што неофицијхално дознаваат Курир.рс, во прашање била прослава за крајот на учебната година, а еден изреволтиран татко одлучил да ја спречи прославата и да го тепа својот син токму пред полниот двор деца.

За среќа, инцидентот се случил додека наставниците и класните раководители биле во училиштето.

-Момчето кое е претепано не е матурант, туку ученик на 7 одделение, кој се приклучил на прославата. Во еден момент дојде неговиот татко и никој не се надеваше дека ќе се случи монструозно тепање. Не бев во училиште кога се случило тоа, но бев шоокиран кога го видов тепањето на снимката. Таткото го извелече детето и крвинички го тепаше. а цел инцидент го спречи една наша храбра наставничка - рекол директорот на училиштето и додал дека училиштето веднаш реагирало по инцидентот.

За целиот случај е известен и обвинителот и против таткото ќе биде покрената постапка.

Видеото погледнете го ОВДЕ.

09.06.2021 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега