(ВИДЕО) Стоилковски: СДСМ го инсталира дезертерот Џафери за премиер, само затоа што Мала Речица така им рекла
„СДС забегува со штетите кои што ги нанесува на Македонија. Избега од бришење на срамен проект пржинска влада за Талат Џафери да го стават за премиер. СДС откако го инсталираше Димитар Ковачевски, без избори, сега го инсталира Талат Џафери за премиер, и тоа само по одлука на Мала Речица“. Овие пораки ги испрати портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денеска а во врска со потврдата на владејачката партија Џафери да биде техничкиот премиер.
„И ова не е единствената точка на истоветност помеѓу двајцата.
На јавноста веќе и е познато дека и Џафери како Ковачевски беше дезертер од Армијата.
Деспотот од Форино е лик познат во јавноста од неговите кршења на закони и процедури, до снимките со неговите сочни пцости и испади, што никако не е материјал за премиер на држава како Македонија во криза.
Но, Македонија со СДС мора да трпи затоа што Мала Речица, Али Ахмети и Артан Груби така му наредиле на Димитар Ковачевски. Тоа е и единствената причина зошто се уште во Македонија постои срамен проект наречен пржинска влада, и зошто нема промена на изборниот модел“, изјави денеска Наум Стоилковски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа