Во гостувањето на ТВ Сител говорев за случувањата во Собранието, за актуелните политички процеси и за тоа кога ја поднесов оставката од местото координатор на пратеничката група, како и со кого сум се среќавал. Важно е јавноста да добива точни и проверени информации, а не сензационализам и шпекулации, пишува на ФБ екс министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„СДСМ може да се врати на победнички курс со мобилизација на искусните, посветени и силни кадри што ги имаме во партијата. Потребни се енергија, активност и обединетост за идните политички предизвици. Секако мислам на оние што се моментално пасивни и треба повторно да се активираат, а не на тие што преминале во други политички партии“, изјави Спасовсни во гостувањето на ТВ Сител.

Exit mobile version