ВИДЕО: Симулација на инцидентот меѓу американскиот дрон и рускиот воен авион

Американската ТВ компанија CBS објави анимирана симулација на инцидентот над Црното Море. Симулацијата покажува руски борбен авион како минува под американско воено беспилотно летало, при што фрла гориво.

Американските власти тврдат дека рускиот пилот сакал да лета пред дронот за дронот да влезе во „облакот“ за гориво, но прерано почнал да го крева носот на својот авион и случајно го „закачил“ пропелерот на дронот. Операторите на дронови немале друг избор освен да го пуштат да се урне во Црното Море.

15.03.2023 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа