Силна експлозија се случи денес во рафинерија за нафта во американската држава Ново Мексико, а официјални лица изјавија дека има повредени.

По експлозијата, густ чад се издигна над објектот, а пожарникарите и другите служби пристигнаа на местото на настанот и успеаја да го изгаснат пожарот.

Според полициски службеник во градот Артезија, никој не е убиен во експлозијата, но има повредени, објави АП.

Претставничка на здравствениот оддел на округот, Џенифер Армендариз, потврди дека има повредени, но не можеше да даде точен број.

Службениците ги предупредија жителите да ја избегнуваат раскрсницата околу рафинеријата за да може таму да слета медицински хеликоптер.

Локалните власти изјавија дека чадот подоцна се расчистил и дека околните патишта се повторно отворени.

Директорот на рафинеријата Синклер Навахо сè уште не го коментирал инцидентот.

На веб-страницата на компанијата се наведува дека нејзиниот капацитет е 100.000 барели сурова нафта дневно, но не е јасно колку нафта имало во фабриката во времето на инцидентот, според АП.

Exit mobile version