(ВИДЕО) Шилегов: Ја нема таа политичка цена, којашто СДСМ може да ја прифати за Груевски да биде наш коалиционен партнер

 

Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов вечерва во своето гостување во „Само вистина“ на Канал 5 ТВ истакна дека немало политичка цена којашто СДСМ може да ја прифати за Никола Груевски да биде нивен коалиционен партнер.

„Последниве денови јавноста се занимава со наводна коалиција на СДСМ со Никола Груевски со цел да се изгласаат уставните амандмани за почеток на преговорите за полноправно членство. Еве да Ви кажам отворено, ја нема таа политичка цена којашто СДСМ може да ја прифати за да на било кој начин Никола Груевски биде наш коалиционен партнер“, изјави Шилегов.

21.09.2023 - 20:34
Фото: 
Принтскрин Канал 5

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега