(ВИДЕО) Сенида се заинтересира за танцот на ЕХФ Еуро во Скопје

 

Танчерите од студиото Еурека од Македонија, заедно со артисти од Словенија и Црна Гора беа дел од перформансот на официјалната песна Play with heart, ​која на отворањето на Европското првенство за ракомет за жени ја изведе познатата пејачка Сенида.

Кики Мукаетова, која беше дел од танчерската група, на својот профил на Инстаграм сподели фотографии од настанот, а тоа го привлече вниманието и на пејачката Сенида која лично и напиша и побара да го сподели и видеото од настапот.

Сенида е регионална музичка ѕвезда, пејачка и текстописец, родена во Словенија, позната по нејзиниот длабок глас и уникатен изглед.

Таа е избрана за амбасадор на Европското првенство Песната која ја пее „Играј со срце“ се изведува на повеќе јазици е напишана од Гашпер Павли, продуцент е Тимотеј Лампе Игњиќ, музиката ја изработија Казафура и Сенида, додека текстот е напишан од Бенџамин Крнетиќ, Сенида и Казафура.

08.11.2022 - 17:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа