ВИДЕО: Се отрстранува Луна паркот кој си работеше без дозвола
Денеска се отстранува импровизираниот Луна Парк пред спортскиот центар Борис Трајковски.
Според надлежните, тој досега работеше без дозвола.
Камерата на ТВ21 на терен забележа камиони во кои се складираат реквизитите.
Претходно, на терен излегоа повеќе институции меѓу кои Град Скопје, од каде порачаа дека извршиле надзор и презеле мерки по што го казниле правното лице, Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи, како и од Општина Карпош.
Сите утврдиле неправилности, но се чини дека тоа не беше доволно, па паркот продолжи нормално да си работи.
31.05.2024 - 11:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа