Иако Роџер Федерер веќе е во пензија, а многумина предвидуваат сличен крај и за Новак Ѓоковиќ, српскиот тенисер продолжува да доминира на терените. Пред почетокот на годинешниот Австралија Опен, вниманието на јавноста го привлече срдечната средба меѓу двајцата големи ривали токму во Мелбурн.

Федерер, кој дојде на Австралија Опен за егзибициски натпревар, приреди вистинско изненадување кога на трибините го забележа својот долгогодишен конкурент. Додека Швајцарецот играше со легенди како Агаси и Хјуит, во еден момент го виде Ѓоковиќ веднаш до теренот и без двоумење го прекина натпреварот.

Видеото од нивната прегратка и срдечен разговор брзо стана вирално. Федерер со широка насмевка му пристапи на Новак, покажувајќи дека и покрај епските битки кои ги водеа низ кариерата, меѓу нив постои огромно почитување.

Ѓоковиќ, кој се подготвува за нови победи на „Род Лејвер Арена“, не ја тргна насмевката од лицето додека разменуваше неколку зборови со својот поранешен ривал.

Exit mobile version