Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје спроведе успешна акциска контрола во текот на изминатата ноќ (13 наспроти 14 март), фокусирана на сузбивање на недозволената трговија со наркотици. Акцијата била спроведена во близина на спортски центар на подрачјето на скопската општина Карпош.

Според официјалните информации од Министерството за внатрешни работи, за време на полициското постапување била извршена проверка на идентитетот и детален преглед на вкупно 33 лица кои се затекнале на локацијата.

Полицискиот филтер резултирал со апсење на шест лица кај кои биле пронајдени недозволени супстанци. Лишени од слобода се четворица скопјани – Љ.П. (42), С.Н. (45), Љ.А. (43) и И.Ц. (37), како и 33-годишниот М.С. од Неготино и 21-годишниот Е.Л., кој е државјанин на Република Албанија.

При личниот преглед на осомничените, инспекторите пронашле и одзеле марихуана, бела прашкаста материја, како и непозната грутчеста материја која ќе биде предадена на дополнително вештачење. Од полицијата информираат дека по целосното расчистување и документирање на секој од случаите поединечно, против приведените лица ќе следуваат соодветни кривични поднесоци.

Exit mobile version