Длабоко во Малешевијата, на околу 120 километри од Скопје се наоѓа селото Разловци – место што и денес го чува духот на минатото и приказната за борбата за слобода.

Во Делчевско Разловци, тивкото село со силна историја, се уште се чува споменот на Димитар Поп Георгиев Беровски и неговиот дедо, поп Стојан – луѓето кои пред 150 години се осмелиле да кренат востание за слобода, пренесува СИТЕЛ.

Токму овде, во Разловци, започнува приказната за едно од најзначајните востанија, а денес, речиси еден и пол век подоцна, се прават напори ова место да добие нов живот. Зад мене е Спомен-домот на Разловечкото востание – место кое ја чува приказната за една од првите организирани борби за слобода во овој регион. Во тек се конзерваторско-реставраторски работи, со кои се зачувува неговиот автентичен изглед, но и се оживува историјата што ја носи.

Жителите за Сител раскажуваат дека институциите го оставиле овој објект на забот на времето. Посетители порано имало повеќе, но после коронавирусот, скоро и никој да не го посетувал овој објект. 

Овој значаен дом добива ново поглавје. Ќе се возобнови со околу 22 милиони денари. На терен работат стручни тимови – конзерватори, архитекти и инженери. 

Во пресрет на 150-годишнината од востанието, се најавува и негово достојно одбележување, со што Разловци повторно се враќа на мапата на значајни историски места.

Спомен Домот на Разловечкото востание е само еден од многуте историско значајни објекти кои се оставени на забот на времето. За 26-та во Програмата на мин за култура се предвидени реконструкција на повеќе театри, цркви и национални установи. 

Exit mobile version