Македонските студенти кои преку програмата „Work&Travel“ работеле во Германија, се соочуваат со неочекувани даночни обврски по враќањето дома. Според информациите од студентската организација „Студентарија МК“, Управата за јавни приходи (УЈП) почнала да испраќа известувања до студентите со барање да ги пријават своите странски приходи и да платат данок на веќе оданочени суми.

Проблемот настана кај оние студенти кои по завршувањето на работниот ангажман извршиле поврат на задржаниот данок од Германија директно на своите македонски девизни сметки.

„Известувањата од УЈП пристигнуваат по пошта и електронски пат. Најчесто ги добиваат оние кои по завршување на работата во Германија извршиле поврат на задржаниот данок на македонска девизна сметка. Студентите објаснуваат дека во Германија работодавците автоматски задржуваат данок од платата, по што работниците имаат право на поврат на дел или на целиот износ,“ пренесуваат од „Студентарија МК“.

Што бара државата од студентите?

Според известувањата, студентите се обврзани:

  • Да поднесат електронска даночна пријава (Е-ПДД);
  • Да ги пријават приходите остварени во странство;
  • Да платат данок на износот добиен преку поврат на данок од Германија.

Оваа ситуација предизвика револт кај младите, бидејќи овие средства се веќе еднаш оданочени во државата каде што се заработени. Останува отворено прашањето како ќе се применуваат договорите за избегнување на двојно оданочување меѓу Македонија и Германија во овие конкретни случаи.

Exit mobile version