(ВИДЕО) Протече снимка на која руски генерал изведува стриптиз
Видео на кое се гледа руски генерал како изведува стриптиз, протече на интернет откако тешко беше оштетен еден од московските изведувачки авиони во Белорусија.
Во видеото од 44 секунди, кое беше споделено на Телеграм, генерал-полковник Александар Матовников танцува гол. Во пораката објавена со видеото пишува дека е „страствен познавач на ресторани и дами во Минск“.
Се додава дека „сака одговорноста за донесување одлуки да ја префрла на неговите подредени службеници“.
Генерал-полковник Матовников моментално е заменик-началник на руските копнени сили, одговорен за военото присуство во Белорусија. Тој е поранешен член на влијателниот Совет за безбедност на Москва и служеше како човек на Путин во Севернокавкаскиот федерален округ, стратешки важен регион за Русија.
Тактиката да се посрамотат противниците со објавување компромитирачка содржина е традиционален метод што се користи во Русија, пишува британски Телеграф.
„Со објавувањето на видеото, многу е веројатно дека сакаат дополнително да го посрамотат Матовников поради оперативните пропусти кои наводно им овозможиле на белоруските партизани вчера да ја нападнат воздухопловната база Мачулишчи кај Минск и да го оштетат авионот А-50“, вели воен историчар.
Видеото беше објавено откако белоруски антивладини активисти ја презедоа одговорноста за, како што рекоа, напад со беспилотно летало врз руски воен авион во близина на Минск. Александар Азаров, шеф на антивладината организација BYPOL, ја презеде одговорноста за нападот на рускиот извидувачки авион А-50 на Телеграм.
БИПОЛ соопшти дека нападот во неделата ги оштетил предните и централните делови на авионот, како и радарот и антената, во воздухопловната база Мачулишчи во близина на белорускиот главен град Минск. Азаров рече дека операцијата била подготвувана неколку месеци.
А-50 не носат оружје и се големи и бавни. Тие се опремени со радари со многу долг опсег на набљудување, можат да детектираат непријателски авиони, балистички и крстаречки ракети на многу долги растојанија. Поради фактот што летаат на неколку илјади метри, нивните радари практично немаат радарска сенка и можат да детектираат и следат цели кои летаат многу брзо на многу мала височина.
Од почетокот на руската инвазија на Украина пред една година, имаше неколку чинови на саботажа во Белорусија и во руските региони кои граничат со Украина, особено на железничкиот систем.
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, не учествуваше директно во руската војна против Украина, но им дозволи на нејзините сили да ја користат територијата на почетокот на инвазијата. Русија и Белорусија формираа заедничка воена единица во Белорусија и одржаа бројни вежби. Голем број руски воени авиони и авиони за рано предупредување и контрола се распоредени во Белорусија.
Rusya Kara Kuvvetleri Başkomutan yardımcısı Aleksandr Matovnikov'un çıplak dans ettiği videolar sızdırıldı.
pic.twitter.com/XPGcwx4gvB— Medyanın Elli Tonu (@Medyanin50Tonu) February 28, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа