ВИДЕО: Пронашле бебе на аеродром, па на сила ја барале мајката - 13 Австралијки поминале ригорозни прегледи

Катарските власти ги информирале надлежните во Австралија дека 13 Австралијки биле отстранети од летот и приведени на аеродромот во Доха, каде бил извршен детален преглед за да се установи дали се поврзани со напуштањето на едно бебе, новороденче кое било оставено на аеродромскиот терминал.

Австралијките биле принудени да подлегнат на детален медицински преглед на аеродромот во Доха, се наведува во извештајот на ТВ мрежата 7 њуз.

Министерката за надворешни работи на Австралија, Мариз Пејн оценила дека станува збор за „неверојатен инцидент“ и потврдила дека по тој повод, на катарските власти ќе им пренесе изрази на незадоволство.

„Никогаш во животот не сум чула за сличен случај. Го пренесовме недвосмислено нашиот став до катарските власти“, рекла Пејн и потврдила дека во текот на оваа недела се очекува детален извештај на катарските власти, пренесува Ројтерс.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.10.2020 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега