ВИДЕО: Пратеник од Аргентина се занел и заборавил на камерите - фатен во акција со партнерката за време на седница

Пратеник од Аргентина бил суспендиран откако камерите забележале како води љубов со својата партнерка, за време на вирутелната седница.

За време на специјалната седница на која неколку пратеници присуствувале во живо, а повеќето преку интернет, политичарот Хуан Емилио Амери бил снимен како седи со својата партнерка пред непристојниот чин.

Набрзо после инцидентот, кој стана вирален хит на интернет и предизвика незадоволство во јавноста, пратениците изгласале суспендирање на Амери.

Амери е пратеник од северната провинција Салта во владејачката коалиција. За локалното радио рекол дека се чувствува лошо поради тоа што се случило.

Тој додал дека неговата интернет конекција била лоша и дека не бил свесен дека бил фатен во интимен момент со партнерката, пренесува Ројтерс.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.09.2020 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега