ВИДЕО: Полицијата пронајде закопано оружје од 2001 година во Блаце

Полицијата во атар на селото Блаце пронајде оружје кое датира од воениот конфликт во 2001-та година.

-Вчера по претходно добиени информации дека во атар на с.Блаце, во близина на границата  со Косово има закопано разновидно оружје и муниција кои потекнуваат од 2001 година, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Скопје пронашле две зољи, еден РПГ7, три гранати за РПГ7, нишанска справа, две барутни полнења за РПГ7, девет парчиња муниција 7,62x54 R и два реденика кои биле закопани во земја, појаснуваат од полицијата.

 Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2021 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега