(ВИДЕО) Пиштат сирените сред Скопје: Кај несреќата кај Гоце Делчев врие полиција

 

Во моментов е вистински хаос кај булеварот Гоце Делчев, откако се случи тешка сообраќајна несреќа неколку минути пред 21 часот. Пиштат сирени на полициски возила, а на терен има и екипи на итната медицинска помош. Според официјалните информации откако шкода се судри со бмв, на скопските клиники се пренесени четворица повредени. 

По ударот, шкодата се превртела и се запалила. Целата сообраќајка се случила само неколку минути пред 21 часот.

„На 15.10.2024 околу 20.55 часот е пријавено дека на бул Гоце Делчев на кракот со ул Лазар Личеновски во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило “шкода” со скопски регистарски таблички и патничко возило “бмв” со скопски регистарски таблички“, изјавија од МВР за Прес24.

„Возилото “шкода” се превртело и се запалило. Четири лица се пренесени во Клинички Центар Мајка Тереза за укажување на помош. Сообраќајот беше пренасочен кратко време , а сега се одвива во една коловозна лента“, додаваат оттаму.

15.10.2024 - 21:53
Фото: 
Принтскрин ТВ Телма

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега