ВИДЕО: Пијан Хрват излетал од патот па удрил во бензиска пумпа и речиси се превртел

 

Возач во Хрватска поредизвика вистински хаос, откако со автомобил удри во бензиска пумпа.

На видеото се гледа како возилото со полна брзина се превртува речиси на кров.

Возачот бил со 1,86 промили алкохол во крвта, а за среќа ниту еден од тројцата кои биле во автомобилот не се повредени.

Сообраќајката се случила минатиот петок поради неприлагодена брзина, излегувајќи од свиокот, тој преминал на спротивната страна од патот,па влетал до бензинската пумпа. Предниот дел од автомобилот удрил во бетонска столб, ја преминал тревната површина, удрил во дрво и при вртењето задниот дел од возилото удрил во металниот носач на сообраќајниот знак, а сообраќајниот знак удрил во хаубата на друго возило, марка „Мерцедес“, со кое управувал 57-годишен возач. Возачот на „Пежо“ продолжи да се врти и удира во пунпата за полнење гориво.

Возачот бил сместен во специјална полициска просторија се додека не се отрезнил и против него ќе биде поведена прекршочна постапка.

02.07.2021 - 09:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега