ВИДЕО: Објавена снимка од турнирот - покажува што прави заразениот Димитров, некои работи стануваат пиојасни

Григор Димитров не само што е првиот заразен со коронавирус кој што учествуваше на тенискиот турнир во Задар, туку тој и претходно привлекол големо внимание во хрватската јавност.

Димитров, кој што до дуелот со Борна Чориќ се однесувал како сè да е во ред, се прегрнувал и поздравувал со сите, вака го одбележал крајот на средбата:

И со хрватскиот репрезентативец и со судијата се поздравил на тој начин, а потоа го напуштил Задар истакнувајќи дека ''тренинзите биле интензивни и дека премногу се изложувал на сонце'', пренесува српски „Blic“.

Меѓутоа, снимката покажува дека бугарскиот тенисер дотогаш бил отворен за дружење, па одеднаш станал претпазлив, но на никој не му кажал зошто е тоа така.

Дури кога пристигнал во Монако ги добил резултатите од тестот, па јавно изјави дека е позитивен на коронавирусот.

Инаку, вчера беше објавено дека и тенисерот број еден во светот Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга, се позитивни на коронавирусот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.06.2020 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега