ВИДЕО: Не остана ништо на полиците во маркетот- Ново видео покажува колку бил силен земјотресот во Петриња

 

Крововите се срушија, ѕидовите испукаа. Костајница, општина во Република Српска која се граничи со Хрватска, најмногу се тресеше на 29 декември минатата година.

Во разорниот земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала со епицентар во Петриња, беа оштетени околу 600 згради, од кои 15 беа за уривање и 37 за итна санација на Костајница.

Камерите во еден меркет го снимиле моментот кога започнал земјотресот. Додека клиентите гледаа наоколу и ја избираа стоката, сè од полиците почна да паѓа.

Да потсетиме, жителите на Костајница останаа на улиците до доцна во ноќта,плашејќи се да се вратат во сопствените домови, додека некои од нив дури ја поминаа ноќта во автомобили и други превозни средства.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.01.2021 - 20:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега