Видео: На лет за Хонолулу се породи жена која не знаела дека е бремена

Патниците на летот од Солт Лејк Сити до Хонолулу ќе го паметат ова патување долго.

Имено, жена по име Лавинија Мунга започнала да се породува за време на летот, која не ни знаела дека е бремена.

Во породувањето помогнале неколку медицински сестри и екипажот.

Приказната стана вирална откако беше објавена на мрежата тикток од страна на патничката Јулија Хансен.

„Во овој авион штотуку се роди бебе“, рече таа, а потоа ги покажа патниците како плескаат и ѝ честитаат на Лавинија. Подоцна може да се слушне како член на екипажот ги моли патниците „да останат седнати за да може патничката да добие лекарска помош“.

Мајката и бебето се пренесени во болница по слетувањето во Хонолулу и се во добра здравствена состојба.

@juliabernice

It’s the ‘baby being born while we’re above the Pacific Ocean’ for me

♬ original sound - juliabernice

31.01.2024 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега