Митева: Министерката Кочоска не навреди пратеничка, туку одговори на провокација
На вечерашната емисија „24 анализа“ на телевизија 24, гостуваше портпаролката на Влада и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева. Таа ги изнесе своите ставови во однос на денешната седница за пратенички прашања во Собранието и нагласи дека одредени политички сили имаат за цел да го одвлечат вниманието на јавноста од клучните прашања преку создавање илузија за лична навреда во ситуација која, според неа, не содржи таква намера. Митева направи разлика помеѓу искрената политичка дебата и обидите за манипулација, нагласувајќи дека, како жена, ќе се залага за заштита на правата на жените. Таа ја опиша ситуацијата како одговор на провокативно поставеното прашање, а не како напад, изразувајќи сомнеж дека оваа конфузија е искористена со цел да се дефокусира јавноста од важни политички прашања.
„Мислам дека треба малку пошироко да ги погледнеме работите. Јас во принцип ги следам пратеничките прашања, односно седницата за пратенички прашања од Собранието и сум присутна на тие седници, се разбира во делот кој што е определен, не внатре во седницата. Меѓутоа, сум таму и ги следам сите состојби од почеток до крај. Можам да кажам дека интенцијата на прашањето и одговорот беше со бурни прашања и бурен одговор, но не можам да се согласам дека, или барем јас не ја видов интенцијата за навреда во одговорот кој што го даде министерката за финансии. Зошто? Од причина што немаше начин на кој истото се однесуваше на она што подоцна СДСМ го искористи и спинуваше, за што многу добро знаеме и се потврди дека навистина се можеби, да кажам, мајстори за креирање на лажни вести“, вели Митева.
Митева нагласи дека вчера беше направен обид за ширење неточни информации од страна на СДСМ, кои брзо беа исправени поради свеста дека не е можно да се создаваат соопштенија врз основа на поенти собрани преку социјални мрежи.
„Знаете дека и вчера имаа еден обид да пуштат една таква лажна вест, за што веднаш потоа се корегираа затоа што сфатија дека преку поенти кои што ги собираат од социјалната мрежа Икс не може да се создаваат соопштенија“, истакна Митева.
Митева увери дека кабинетот на министерката Димитриеска-Кочоска функционира професионално и дека денешниот одговор не бил насочен кон лична навреда или штета кон пратеничката Славјанка Петровска.
„Сакам да потенцирам дека во рамки на функционирањето на министерката, во нејзиниот кабинет работат 25 луѓе, од кои 21 се жени, а 4 мажи. Никогаш досега не сум имала впечаток дека функционира на лична навреда, особено не кон жена, и ниту сметам и ценам дека денешниот одговор беше во насока на навреда и штета и лична навреда кон пратеничката Славјанка“, изјави Митева.
Митева истакна дека реакцијата на навредата од страна на СДСМ не била непосредна, туку дојде со задоцнување од час и половина, што, според неа, укажува на тоа дека по кратката координација помеѓу пратениците на СДСМ, била формулирана и јавна реакција на изјавата на министерката Димитриеска-Кочоска.
„Што беше многу интересно за мене? Кога ќе слушнете навреда кон вас, барем природно на секој еден од нас ни доаѓа да реагираме во истиот момент или можеби веднаш потоа. Реакција стигната после час и половина од одговорот кој што го имаше министерката за финансии, односно по паузата за ручек на кој што имаме информации дека доле следеле кратка координација помеѓу пратениците на СДСМ. И веднаш потоа се извади веста дека начинот на кој што тоа е кажано, тоа би значело“, кажа Митева.
Митева истакна дека е свесна за реалноста на пазарот, како жена која веќе долги години се бори против политичките навреди, никогаш не би дозволила да се изрекува таква навреда. Таа ја оправда изјавата на Димитриеска-Кочоска како одговор на прашањето поставено од пратеничката Петровска, потенцирајќи дека ако се сака да се гледа како навреда, тогаш изјавата на Петровска може да се смета за првата таква навреда, бидејќи нејзиното значење за жените е исто така неважно.
„Јас немам исто така деца, јадам грашок и точно и јас знам како се движат цените во маркетите. Верувајте ми дека никогаш не би си дозволила да како една жена која што секогаш во политиката ги критикувала навредите кои што се случувале а сме ги имале многу, да не искритикувам доколку станува збор за лична навреда со интенција. Во овој случај, одговорно тврдам дека, бидејќи бев таму, немаше интенција на навреда, туку имаше интенција на одговор на тоа зошто вие велите дека мене лично како жена не ми е важно колку време ќе поминам на шпоретот додека го правам грашокот, затоа што тоа беше дел од прашањето на пратеничката Славјанка Петровска. Можеби вас тоа не ви е важно, што ако сакаме да го гледаме како навреда, можеме да кажеме тука започна првата навреда, дека мене не ми е важно јас колку време поминувам за децата“, додаде Митева.
Митева изрази сомневање дека постои тенденција за манипулирање со јавноста, со цел да се одвлече вниманието од клучните политички прашања, при што се создава илузија за жртва на навреда, иако во конкретниот случај не можела да препознае никаква интенција за такво нешто. Таа нагласи дека како жена, секогаш ќе се залага за заштита на правата на жените од навреди, но во оваа ситуација, според неа, не станувало збор за навреда.
„Имам чувство дека се цели кон дефокус на јавноста од клучни прашања и постојано претставување како жртва на навреда во нешто во што немаше интенција. Доколку било кој навреди некого, особено жена како жена, секогаш ќе застанам во одбрана. Во овој случај јас не ја видов интенцијата за навреда, туку ја видов интенцијата на одговор на така поставено бурно прашање“, заклучи Митева.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа