Украински хор по повод Божиќ ја изведе светски познатата божиќна песна „Шчедрик“ во машинската сала на електраната ДТЕК, која е тешко оштетена во руските напади. Настапот, реализиран меѓу бетон, метал и уништена опрема, остави силен и длабоко трогателен впечаток.

Изведбата симболично ја пренесе пораката за истрајност и надеж, дури и во услови на војна и разурнување. Просторот во кој одекнуваше музиката сведочи за последиците од нападите врз енергетската инфраструктура, но и за духовната сила на украинскиот народ.

По почетокот на руската инвазија, властите во Киев донесоа одлука Украина да го одбележува Божиќ според западниот календар, односно на ист датум како и земјите од Европската унија.

ВИДЕО од изведбата погледнете ТУКА.

Exit mobile version