На Владата за две години и давам факултетска деветка , голем  дел од ветувањата успеавме да оствариме. Буџетот е стабилен и нема да банкротираме и пари има и во ПИОМ, вели за ТВ 24 првиот вицепремиер и министер за ЕУ интеграции Беким Сали . 

Тв 24: Колку граѓани добија по 10 000 евра акции како што ветувавте?

Сали : Тоа беше повеќе политичка насока како планираме да работиме . 

Тв24: Ама колку граѓани добија?

Сали : Се уште има време, само на половина мандат сме .

Сали тврди дека е синтоматично што секогаш кога на ВЛЕН ќе му тргне, Уставниот суд носи одлука за етнички прашања во корист на ДУИ 

„Законот за соодветна и правична застапеност е усогалсен со Венецијанска комисија  и има јасни насоки како да нема злоупотреби. Јас тврдам дека има доволно професионалци за да не треба етнички квоти, а личните документи ќе бидат брана од злоупотреби“ – вели Сали и тврди дека ќе се смета јазикот на личната карта а не името, како што стои во зкаонот .

Exit mobile version