Една од главните теми на редовните министерски состаноци на земјите членки на НАТО се и конфликтите. Тука повтрорно на пиедесталост се става Украина, односно која земја на кој начин ќе учествува, бидејќи потребите повторно се зголемуваат од она што го бара Украина кон сите земји членки на НАТО но и да го сподели сето она што се случува таму на виените дејствија, изјави вечерва во своето гостување во емисијата „Со факти“ на МРТВ министерот за одбрана на Република Македонија Владо Мисајловски.

-Постои иницјатива за секоја земја каде што може да помогне. Секоја земја може дирекно да учествува односно со Америка. Средствата се даваат кон Америка, а Америка со ново оруќје да и помогне на Украина. Во зависност од потребите секоја земја треба дополнително да издвојува средста и т.н, појасни Мисајловски и додаде:

„Ова е „ѓаволски тешко“ би рекол. Вие немате неограничен буџет во министерство за да помогнете на секоја страна, но даваме максимоум согласно нашите капацитети да бидеме присутни и да помагаме колку што можеме“.

Ќе помагаме колку што можеме, но главен приоритет е македонската Армија, вели министерот за одбрана

-Сум кажал многу пати, пред се приоритет е македонската Армија, како да се модернизираме, како да ги издржиме овие тешки години и мислам дека тоа ќе биде главната тема во Анкара, каде ќе се зборува за одбраната, за буџетот, за реализација, а целни способности но исто така и за прашањето кон Украина, изјави министерот Мисајловски.

Exit mobile version