(ВИДЕО) Му се суди на првиот руски војник за убиство на цивил од Украина - му се заканува доживотен затвор

Украинските медиуми објавија видео од Вадим Шишимарин (21), првиот руски војник кому му се суди за воени злосторства извршени во Украина. Станува збор за 21-годишен војник од тенковската дивизија „Кантемировскаја“ од Московската област.

Тој денеска се појави пред судот во Киев, каде што ќе му се суди за убиство на 62-годишен украински цивил. Му се заканува доживотна затворска казна за убиството на маж на 28 февруари во селото Чупахивка, источно од Киев.

Според обвинението, војникот во обид да им побегне на украинските војници од украден автомобил застрелал 62-годишен маж на велосипед, кој зборувал на мобилен телефон.

Обвинителството не открива како бил фатен војникот, ниту подетаљно извести за доказите што би укажале на воено злосторство. Истрагата ја спроведе Украинската служба за безбедност (СБУ).

Меѓународниот кривичен суд кон крајот на април објави дека ќе учествува во заеднички тим од украински, полски и летонски обвинители, кои ги истражуваат наводите за воени злосторства од страна на руските сили.

13.05.2022 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега