Светот е згрозен од новообјавените снимки од застрашувачката несреќа во Бразил, кои ја прикажуваат целата суровост на падот на мостот „Жуселино Кубичек“. На видеото од автомобилска камера се гледа како вообичаениот сообраќај во секунда се претвора во пекол – мостот буквално исчезнува под тркалата, повлекувајќи со себе 14 животи во речната бездна.
Снимката е објавена од адвокатите на семејствата на жртвите, како последен обид да се избори правда за трагедијата од крајот на 2024 година.
„На видеото се гледа најстрашниот момент – мотоциклист кој едноставно лета во амбисот додека асфалтот под него се распаѓа. Од 18 лица кои се нашле на мостот во тој кобен миг, само едно лице успеало да го преживее падот“, пренесуваат светските медиуми.
Insane footage of a bridge collapsing in Brazil. December 2024.
— ViralScope Daily (@ViralScopeDaily) March 23, 2026
Is this real? pic.twitter.com/xzn6bgoVmJ

