Почесна артилериска стрелба денеска се одржа во касарната „Илинден“ во Скопје.
Министерот за одбрана Владо Мисајловски на социјалните мрежи сподели видео од свечениот чин и порача: „Нека одекне гордоста!“.
Почесната артилериска стрелба е дел од одбележувањето на празникот посветен на Армијата, нејзините припадници и нивната посветеност во исполнувањето на задачите и заштитата на безбедноста на државата.
Денот на Армијата – 18 Август, се одбележува како празник на припадниците на Армијата и потсетување на нејзината улога и значење во современата македонска државност.
Со свечени настани и пригодни активности, денеска се оддава почит на сите припадници на Армијата кои со професионалност, посветеност и одговорност ја извршуваат својата должност.


