Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше за текот на градежните активности за темелна реконструкција на улицата „Ѓорѓи Димитров“ во општина Кисела Вода. Проектот, кој е дел од иницијативата „Проекти за трајна промена – темели за сигурна иднина“, предвидува комплетно нов лик на оваа важна сообраќајница.

Инвестицијата вредна 51.891.337 денари опфаќа замена на тампонскиот слој, поставување на нова асфалтна конструкција во два слоја и целосна реконструкција на тротоарите со павер елементи.

„Со овој проект значително придонесуваме за подобрување на сообраќајниот проток, урбаното уредување и секојдневната мобилност на граѓаните“, истакна Мицкоски во својата објава на Фејсбук.

Паралелно со коловозот, се врши нивелирање на шахтите од фекалната и атмосферската канализација, со што се гарантира долготрајност и стабилност на патната инфраструктура во овој дел од Скопје.

Exit mobile version