(ВИДЕО) Мицкоски: Младите во Европа се борат за научни достигнувања и успеси, а во Македонија се борат за студентски оброк

„Младиот човек во Европа, Германија, Шпанија, Франција се бори за нови научни достигнувања, за нови успеси во роботиката, претприемништвото и ИТ индустријата, младиот човек од Македонија се бори за пристоен оброк во студентски дом. Тоа е колективниот неуспех на нашето општество“. Вакви пораки испрати лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски вечерва од Куманово, во врска со сегашната ситуација на младите. Вели дека, ВМРО-ДПМНЕ, ќе донесе нов сет на мерки за младите.

„Главната дилема е каква шанса како држава даваме за младите. Каков е примерот кој го оставаме за генерациите кои следат. Ме мачи што одговорот на овие прашања е подеднакво поразителен за сите кои се занимаваме со политика и доаѓа времето кога мораме да кажеме доста е. Мора да ги менуваме работите и да се бориме за секој млад човек. Одговор на овие тешкотии дава заедничкиот патриотизам во кој веруваме“, изјави Мицксоки.

Тој кажа дека за младите кои ќе се вработат мора да има пониски даноци, тие да студираат на барем еден македонски универзитет кој што ќе биде во првите 1.000 според Шангајската листа.

Студентскиот стандард ќе биде сериозно зголемен, и ќе бидат обезбедени серија на мерки кои значат повеќе можности за секој еден од нив. Мора да си ги вратиме децата, младите овде дома, во Македонија.

Да обезбедиме целосно реновирање и реконструкција на студентските домови, да одвоиме 4 милиони евра за претприемачка иницијатива на младите и одвојување на 1 денар од акцизата на нафтените деривати во малопродажбата. Тоа е околу 800-тини милиони денари годишно. 800—тини милиони денари. Овие средства ќе се користат за развој на спортот, спортската инфраструктура и науката во спортот.

Ќе обезбедиме за 500-тини најдобро дипломирани студенти да им биде понудено работа во државните институции.  Тоа мислам дека Сергеј веќе го најави.  Младите да може да плаќаат и да работат преку Пеј пал во Македонија, регулација на трговијата со криптовалути. Да обезбедиме шанса и поддршка на младите да ги развиваат своите идеи во претприемништвото, повеќе пари за научни истражувања, поддршка на идеите за бизнис и наука“, изјави Мицкоски вечерва од Куманово.

 

16.05.2023 - 19:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега