(ВИДЕО) Мицевски: Премиерот е тој којшто нема сила да излезе на дуел со лидерот на опозицијата

 

„Спинот за релативизирање на овој скандал број еден се прави повторно преку враќање на тезата каде што премиерот рече дека преговараме со ВМРО-ДПМНЕ околу уставни измени. Премиерот е тој кој што не може својот авторитет да го искористи кај неговите пратеници затоа што слушнавме дека нешто се случувало при координацијата околу пратенички прашања кога буквално бил гонет низ Собранието да не ја поднесе оставката до архивата. Добар дел од коалиционите партнери не му го гласаат договорот и законите со европско знаменце затоа што се свесни дека има злоупотреба во нив и дека никој не ги видел. Премиерот е тој кој што нема сила да излезе на дуел со лидерот на опозицијата и да ги вкрстат аргументите. И затоа тој ќе бара брифинзи каде што ќе пушта спинови и ќе ги фрла пердувите“, истакна Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицевски посочи дека апсолутно нема преговори за уставни измени.

„Апсолутно нема преговори и овој мандатен состав на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа впрочем му кажа и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ниту има мандат, ниту сака, ниту ќе преговара за промена на Устав под диктат на Бугарија“, нагласи Мицевски.

15.05.2023 - 19:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега